САД утре ќе воведат нови санкции кон Русија

Од:

Соединетите Американски Држави утре ќе објават дека ќе воведат нови санкции кон Русија во координација со земјите членки на Г7 и Европската унија, изјави денеска претставник на американската администрација.

Тој рече дека „сеопфатниот пакет санкции ќе предизвика значителни трошоци за Русија и ќе ја испрати во економска, финансиска и технолошка изолација“, пренесува Си-Ен-Ен.

Новиот пакет мерки ќе ги забрани сите нови инвестиции во Русија, ќе се заострат постојните санкции против финансиските институции и државните компании во Русија, а ќе бидат санкционирани и претставниците на руската влада и членовите на нивните семејства.

„Овие мерки ќе ги деградираат клучните инструменти на руската државна моќ, ќе и нанесат акутна и моментална економска штета на Русија и ќе ја повикаат на одговорност руската клептократија која ја финансира и поддржува војната на Путин“, рече американскиот претставник.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД