Блинкен: Буча е намерна руска кампања за истребување

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека убиствата на Украинците во Буча биле дел од „намерната руска кампања за убивање, измачување и силување“.

„Додека рускиот бран се повлекува од украинските региони, светот гледа смрт и пустош што останува зад него“, изјави Блинкен пред да полета за Брисел.

„Она што го видовме во Буча не е случаен бандитски бес. Ова е намерна кампања за убивање, мачење, силување, извршување злосторства. Соопштенијата се повеќе од веродостојни. Доказите се таму за да може светот да ги види“, рече Блинкен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта