Министерството за надворешни работи на Шведска одлучи да протера тројца руски дипломати, изјави денеска шефицата на шведската дипломатија Ан Линде.
Таа истакна дека дипломатите ќе бидат протерани бидејќи работеле спротивно на Виенска конвенција.
Линде наведе и дека во Министерството за надворешни работи повикан е рускиот амбасадор за да му се врачи остра осуда од Шведска и од Европска Унија.
Извор: МИА