Њујорк тајмс: Сателитски снимки докажуваат дека телата на улиците во Буча лежат со недели

Од:

Мртвите тела на цивили во Буча лежат на улиците со недели, и покрај руските тврдења дека убиствата се случиле откако војниците си заминале, според Њујорк тајмс.

Кремљ беше обвинет за масакр, Киев исто така го обвини за геноцид, но Русија негираше дека нејзините војници убиле цивили и тврди дека сето тоа било лага и измама.

Сега, анализата на сателитските снимки пред и потоа направени од „Њујорк тајмс“ покажа дека многу цивили биле убиени пред повеќе од три недели – додека руските сили го контролирале и градот и тој дел од регионот на Киев.

Сателитските снимки, доставени до весникот од Maxar Technologies, покажуваат дека најмалку 11 лица убиени во Буча се на улица од 11-ти март.

Оваа најнова информација се појавува откако Пентагон денеска соопшти дека руските сили се одговорни за злосторствата во украинскиот град Буча.

„Мислам дека е прилично очигледно, не само за нас, туку и за светот, дека руските сили се одговорни за злосторствата во Буча“, рече портпаролот на Пентагон Џон Кирби на брифингот.

„Кои единици точно го направија тоа, дали се платеници или Чеченци, не можеме да кажеме во моментов. Но, секако не се сомневаме дека тоа е извршено од руска страна“, рече тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп