Меѓународни набљудувачи: Изборите во Србија ги одбележаа нееднаквите услови за учесниците

Од:

Изборниот процес во Србија го одбележаа нееднакви услови за учесниците на изборите, кои се последица на фаворизирање на владините претставници од страна на мнозинството медиуми, притисок врз вработените во јавните претпријатија и злоупотреба на административните ресурси, изјавија денеска во Белград набљудувачи од меѓународните организации, јави дописникот на МИА од Белград.

Претставниците на делегациите на ОБСЕ, Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), Парламентарното собрание на ОБСЕ, Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) и Европскиот парламент (ЕП) на прес-конференција рекоа дека основните слободи беа во голема мера почитувани и на гласачите им беа презентирани различни политички опции, но голем број недостатоци доведоа до нееднакви услови за учесниците.

На прес-конференцијата, на која беа презентирани прелиминарните заклучоци по претседателските и предвремените парламентарни избори во Србија, специјалниот координатор и предводник на набљудувачите на ОБСЕ Киријакос Хаџијани ги посочи аспектите кои влијаеле власта да биде во привилегирана положба.

– Медиумите ги покриваа сите учесници на изборите, но повеќето јавни и приватни радиодифузери со национално покривање ги фаворизираа Александар Вучиќ и владејачката коалиција, со што ја ограничија можноста на гласачите да одлучуваат врз основа на целосни информации, рече Хаџијани.

Според него, „денот на изборите беше генерално мирен, со неколку инциденти, процедурите беа начелно почитувани, но процесот беше одбележан со голем метеж на избирачките места“. „Тајноста на гласањето беше загрозена на значителен број избирачки места, рече Хаџиани.

Тој додаде дека неодамнешните измени во законот донесоа одредени подобрувања, но дека клучните аспекти на изборниот процес бараат дополнителни реформи и нивна имплементација.

Хаџијани посочи дека РИК не ги објавила резултатите на изборната ноќ и дека Вучиќ „прогласил победа врз основа на неофицијални податоци“.

Шефот на делегацијата на ЕП, Тијс Ројтен рече дека „доминантната улога на владејачкото мнозинство во изборниот процес е причина за сериозна загриженост“ и додаде дека „злоупотребата на административни ресурси и даде значителна предност на власта“.

– Видовме главно некритички известувања за српскиот претседател и други владини функционери. Повеќето медиуми на национално ниво, јавни и приватни, често служеа како средство за дезинформација. Слобода и плурализам на медиумите, безбедност на новинарите и пристап до различни извори на информации се клучни за функционална демократија, оцени Рутен и додаде дека на изборите биле „почитувани клучните процедури“, но дека имало повреда на принципот на тајност на гласањето.

– За жал добивме и извештаи за инциденти, вклучително и насилство врз опозицискиот кандидат Павле Грбовиќ. Кога станува збор за гласањето на малцинствата, имаше неколку случаи кога Албанците во Прешевската долина не можеа да гласаат, рече Рутен.

Шефот на делегацијата на ПССЕ Александар Почеј изјави дека му е жал што јавниот сервис и најголемиот дел од медиумите немаа избалансиран пристап во известувањето за време на кампањата.

Тој рече дека набљудувачките мисии добиле „многу веродостојни извештаи за притисок врз гласачите да ја поддржат владејачката коалиција“, додавајќи дека „особена загриженост се наводите за притисок и заплашување на граѓаните кои работат во јавниот сектор“ и дека треба да се истражат наводите за обидите за купување гласови, како и дека избирачкиот список е неточен, „со значителен број смртни случаи“.

– Имаше извештаи пред изборите за масовно регистрирање на странски државјани во Белград со цел да се зголеми електоратот во главниот град, рече Почеј, додавајќи дека ПССЕ „внимателно ќе ги следи постизборните настани во Србија“.

Шефот на делегацијата на ПС на ОБСЕ, Бриндис Харалдсдотир изрази загриженост поради долготрајните недостатоци во изборниот процес во Србија, кои вклучуваат употреба на државни средства во кампањата и нееднаков пристап до медиумите.

Шефот на набљудувачката мисија на ОДИХР, Даглас Вејк ги поздрави неодамнешните промени во српското изборно законодавство и практика, но додаде дека „потребни се значително пофундаментални реформи во областите како што се пристапот до медиумите, одговорноста за прекршување на кампањата и нејзиното финансирање“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните за работите во Македонија да не бидат како досега

А1он

Демократи: По изборите ништо веќе во Македонија нема да биде како до сега

А1он

Јанчев од Левица: Македонија повеќе нема луксуз да се движи по овој поданички пат!

А1он