Рекорден месец за „Норвеџиан“

Од:

Преку 2,1 милиони патници летале со нискобуџетната авиокомпанија „Норвеџиан“ во текот на јули годинава, покажува најновиот месечен извештај на компанијата, која првпат оствари месечен резултат со повеќе од два милиони патници на своите воздушни линии.

Како што јави дописникот на МИА, споредено со истиот период лани, бројот на патниците кои ги користеле услугите на „Норвеџиан“ пораснал за 17 отсто.

Но, така наречениот кабински фактор, кој покажува колку добро биле пополнети авионите на компанијата во текот на месецот, се намалил за еден процент и во јули изнесувал 86 проценти.

– Мошне сум задоволен со нашите резултати за јули. Продолжуваме со добри бројки на нашите етаблирани пазари, но пред се развојот е позитивен во однос на новите европски дестинации и прекуокеанските летови, наведе генералниот директор на „Норвеџиан“ Бјорн Кјос.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

Политико: Португалија се откажа од купувањето Ф-35 поради Трамп

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Летовите околу Вашингтон одложени поради безбедносните мерки на инаугурацијата

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД