Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас денеска ќе ја посети Полска за да повика на поостра акција во борбата против „руската агресија“, но и да ја поддржи Украина во мировните преговори, се наведува во соопштението од нејзиниот кабинет.
„Рускиот претседател Владимир Путин допрва треба да покаже дека е сериозен во дипломатијата. Цврстиот пристап на Велика Британија и нашите сојузници е од витално значење за зајакнување на позицијата на Украина во преговорите“, рече Трас.
Велика Британија е во координација со меѓународните сојузници за прашањето за воведување санкции за Русија и руски поединци со цел да одговори на нападот врз Украина.
Извор: МИА