(ВИДЕО) Каевски: Очигледно е дека Мицкоски е по нови насоки и задачи кај неговиот шеф и ментор, Никола Груевски

Од:

„Очигледно е дека Христијан Мицкоски, е по нови насоки и задачи кај неговиот шеф и ментор, Никола Груевски. Посетата на Мицкоски на Унгарија отвора сериозни сомнежи и во врска со повеќе судски случаи кои се водат во земјава против Никола Груевски и поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Дали Груевски му ја кажа стратегијата на Мицкоски за одбраната во случајот „Плацови на Водно“ ?

Во овој судски предмет, Груевски е обвинет за сторено кривично дело „перење пари“ и „противправно стекнување и прикривање имот“.

Со честите посети на Будимпешта во клучни периоди се покажува дека единствена цел на Мицкоски е да го одбрани криминалот на Никола Груевски.

Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги кочат измените на Законот за Академија за судии и јавни обвинители, затоа се противеа на носењето на Законот за јавно обвинителство.

Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ се уште е партија раководена од Никола Груевски, партија која е единствена на браникот на криминалот на режимот“, изјави Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда