Притвор за крадец, расчистени пет тешки кражби и една тешка кражба во обид во куќи и станови во Скопје

Од:

Единицата за внатрешни работи-Одделение за криминалистички работи Гази Баба при СВР Скопје, по преземени мерки и активности во врска со расчистување на сторени кривични дела тешки кражби од станови и куќи на подрачјето на Скопје, на 02.04.2022 во 19.00 часот на улицата „Разлошка“ го лишиле од слобода 48-годишниот Р.В. од Скопје, информира МВР.

– По насока на Јавен обвинител и по судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, а со него бил извршен и службен разговор, при што било утврдено дека извршил пет кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба“ во обид во куќи и станови. Против него, на 03.04.2022 ЕВР Гази Баба поднесе кривична пријава за сторени шест кривични дела, а од страна на Судија на претходна постапка му била одредена мерка притвор, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он