Обвинителство: Одобрување или оправдување на воени злосторства е кривично дело, сторителите ќе бидат санкционирани

Од:

Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства е кривично дело предвидено во членот 407-а од Кривичниот законик, велат од Jавно обвинителство на Република Северна Македонија.

„Имено, законот предвидува дека тој што по пат на информационен систем јавно ги негира, грубо ги минимизира, ги одобрува и оправдува ваквите дела ќе се казни со затвор од една до пет години. Ако делото е сторено со намера за поттикнување омраза, дискриминација или насилство против некое лице или група на лица поради нивната национална, етничка или расна припадност или верска определба, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години“, соопшти Обвинителството.

„Во членот 404 од Кривичниот законик, пак, прецизно е наведено што опфаќа поимот воено злосторство против цивилно население.

Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи интензивно ги следат сите изјави и коментари на социјалните медиуми поврзани со случувањата во Украина и согласно своите законски надлежности ќе преземат кривичен прогон против сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе го сторат наведеното кривично дело.

Апелираме и до граѓаните кои ќе забележат вакви случаи да ги пријавуваат на меилот [email protected] за соодветно постапување“, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Обвинителството денес започна истрага за опожарената фабрика во Виница

Договорена динамика за увид во документацијата за наводите за незаконско прислушување

Обвинителството најави дека детално ќе ги испита наводите за незаконско следење на комуникациите

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски

По реакцијата на Ивановска, дадена и е можност исказот во Обвинителство да го даде по изборите

Обвинителство: Протеран е германски државјанин кој предизвикал инцидент непосредно пред фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Шкендија“ и ФК „Карабаг“

Горан Наумовски