285 санкционирани возачи во Скопје, 184 за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 285 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 184 санкции, 32 мерки за возење под дејство на алкохол, 14 санкции за возење без возачка дозвола, десет мерки за возач почетник. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, соопшти МВР од каде велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, додаваат од МВР.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он