Анкета: Повеќето Американци го одобруваат одговорот на Бајден на војната во Украина

Од:

Мнозинство од Американците ги одобруваат постапките na претседателот на САД, Џо Бајден околу војната во Украина, покажа анкета на радиото Ен-пи-ар и Ипсос, јави синоќа Ем-ес-ен-би-си.

На прашањето дали претседателот врши добра работа во својот одговор на војната во Украина, 53 отсто од испитаниците одговориле потврдно, додека 36 отсто одговориле негативно.

Меѓу републиканците, 81 отсто кажале дека не одобруваат како Бајден се справува со војната во Украина, додека меѓу демократите, 62 проценти одобруваат.

Од анкетата исто така се дознава дека мнозинство од Американците сметаат дека САД треба да пружат дел од поддршката што Украина ја бара за својот отпор против руската инвазија.

Вкупно 62 отсто од испитаниците кажале дека САД треба да дадат дел од поддршката барана од Украина, додека 17 отсто сметат дека САД треба да ja дадат целата помош што Украина ја бара.

Анкетата е спроведена 18 до 21 март оваа година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски