(ВИДЕО) Првични резултати од изборите во Србија: Вучиќ убедливо води

Од:

Според првичните резултати од претседателските избори во Србија, актуелниот претседател Александар Вучиќ, од досега обработените гласови има убедлива предност пред конкурентите. Вучиќ има нешто над 70 проценти од гласовите. Здравко Понош е на вторто место со нешто над 8 пцоренти, а на третата позиција е Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски кој според досега обработените гласови има нешто над 4 проценти.

И резултатите за парламентарните избори сугерираат водство на коалицијата на Вучиќ со 56,68 отсто од гласовите, а зад него е Ивица Дачиќ со 13,83 проценти.

На дел од гласачките места се гласаше и еден час по затворањето бидејќи дел од граѓаните се затекнаа на местата каде што се гласа во моментот на затворање во 20 часот.

Според информациите од Републичката изборна комисија излезноста до 18 часот е над 55 проценти. Комисијата вечерва сопшти дека веќе нема да одржува прес конференции и дека првичните неофицијални резултати ќе го соопшти утревечер.

Би можело да ве интересира

Александар Шапиќ повторно избран за градоначалник на Белград

ВИДЕО: Вучиќ објави снимка од победничката прослава

Катерина Ѓуровски

СНС прогласи победа на локалните избори во Србија, опозицијата тврди дека Ниш и Чачак се „слободни градови“

Катерина Ѓуровски

Белградските и локалните избори во Србија ќе се одржат на 2 јуни

ВИДЕО: Во Белград ќе има нови избори

Катерина Ѓуровски

Со свирежи и транспаренти конституирано српското Собрание, опозиционерите дадоа заклетва во холот