Претседателот-кандидат го одржа својот прв и единствен предизборен митинг во Париз-Дефанс Арена, една од најголемите затворени сали во Европа. пред околу триесет илјади свои приврзаници, јави дописникот на МИА.
Неговиот говор траеше повеќе од два часа, во кој Макрон реферираше за постигнатото за време на неговиот прв претседателски мандат.
Потоа ги претстави во детали „четирите големи проекти“ што сака да ги реализира: заштита на децата, образование, еманципација преку работа и здравје.
– Ги повикувам сите оние … од социјалдемократите до голистите, како и еколозите, сите оние кои сè уште не ни се придружиле, да го направат тоа, бидејќи од почетокот ни имаме само една партија, тоа е нашата земја, изјави Макрон.
Извор: МИА