Црвениот крст не успеал да стигне до Мариупол

Од:

Црвениот крст соопшти дека тимот што го испратил за да ја олесни евакуацијата на илјадници цивили од Мариупол денеска бил принуден да се врати во Запорожје затоа што било невозможно да се продолжи со операцијата.

– Тимот на МКЦК, кој се состои од три возила и девет лица, денеска не стигна до Мариупол ниту го олесни безбедното минување на цивилите, се вели во соопштението на Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Црвениот крст додава дека неговите припадници утре повторно ќе се обидат да го олеснат безбедното евакуирање на цивилите од Мариупол.

Десетици илјади цивили би можеле да бидат спасени од Мариупол доколку бидат успешно евакуирани со конвој автобуси кои се движат кон опколениот град, соопшти вчера Црвениот крст.

Руското Министерство за одбрана вети дека ќе ги запре нападите за да им се дозволи на цивилите да го напуштат градот, а норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе рече дека рускиот претседател Владимир Путин му ветил дека пристапот до градот ќе биде дозволен за хуманитарниот конвој.

Во последните недели илјадници цивили успеаја да побегнат од разурнатиот град, но Украина соопшти дека голем број луѓе кои се обидувале да побегнат биле нападнати од руската војска.

Се проценува дека околу 170.000 цивили останале во нечовечките услови во Мариупол. Поради руските напади со недели нема струја, вода, греење, а и храната и водата се при крај.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Валериј Залужни: Третата светска војна започна оваа година

Горан Наумовски

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски