Бугарскиот главен обвинител побара да биде протеран првиот секретар на руската амбасада во Софија

Од:

Главниот обвинител на Република Бугарија Иван Гешев и дал информации на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска за нерегулирани разузнавачки активности, најверојатно во корист на Руската Федерација на дипломат кој со имунитет работи во Бугарија, јави БНТ. Во текот на истрагата е утврдено дека лице кое ужива дипломатски имунитет се занимава со нерегулирано собирање информации од национално значење.

Според главниот обвинител на Бугарија, тој е акредитиран како „прв секретар“ во руската амбасада во Софија. Според Гешев, ова е кршење на Виенската конвенција со која се регулираат активностите на странските дипломати во земјата каде што работат и им се забранува да се занимаваат со шпионажа, јави дописникот на МИА од Софија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов