Бугарија: Приведените од бугарската Агенција за национална безбедност кои шпионирале за Русија добија отказ

Од:

Двајца вработени во бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС) приведени за шпионажа во корист на Русија добија отказ.

-Преземени се мерки да не смеат влезат во зградат ана Агенцијата. Тоа го истакна првиот човек на таа бугарсака Агенција, Пламен Тончев на вонреден брифинг.

Вработените се на средно раководно ниво, што не им ја намалува вината, категоричен беше тој…По собраните податоци го известивме обвинителството, по што е поведена предистражна постапка“, рече Тончев.

ДАНС има исклучително добро функционален механизам за внатрешна контрола и не се двоумиме да преземеме мерки против нашите вработени, без разлика на нивното ниво, за да ја исчистиме агенцијата од елементите кои не треба да бидат присутни во неа, додаде тој.

Навремено е информиран и премиерот Петков. Развојот траеше доволно за да се увериме дека собраните податоци се доволни за да се повикаат од обвинителството, категоричен беше тој.

Вработените работат во ДАНС повеќе од пет години.

Според шефот на Агенцијата, по овој случај повеќе руски дипломати би можеле да бидат прогласени за персона нон грата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов