СДСМ: Успешниот попис носи бројни придобивки за економски развој и нови политики

Од:

„По 20 години имаме успешен попис согласно светските пракси и стандардите на Евростат. Пописот е поздравен и од Европската комисија и од сите релеватни фактори. Успешниот попис носи бројни придобивки за економски развој и нови политики“, соопшти СДСМ.

„Владата, институциите, компаниите сега имаат точни податоци на кои ќе се темелат идните мерки и политики.

Врз основа на оваа статистичка операција, Владата ги распределува средствата за финансирање на проекти од Програмата за рамномерен регионален развој, чија цел е намалување на разликите меѓу планските региони и меѓу општините.

Пописот дава увид колкава е потребата од стручен кадар за деца во градинките, увид во структурата на образованието на населението, што ќе резултира со креирање на политики за усогласување на потребите на пазарот на трудот.

Домашните и странски инвеститори ќе добијат појасна слика за распределба на квалификувана работна сила со што ќе им се помогне во планирањето на идните инвестиции.

Како одговорна партија, продолжуваме со реализација на мерки и политики во интерес на граѓаните и во интерес на државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он