Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва изјави дека ситуацијата на југ и во регионот на Донбас и понатаму е исклучително тешка.
Во вечерашното видео-обраќањето вечерва, тој повтори дека Русија ги зголемува силите во близина на опколениот град Мариупол.
– Претстојат борби. Сè уште треба да одиме по многу тежок пат за да добиеме се што сакаме, рече тој.
Русија претходно соопшти дека утре ќе биде отворен хуманитарен коридор за да им се овозможи на цивилите да излезат од југоисточниот пристанишен град Мариупол.
Извор: МИА