Постапка за дилер на кокаин од Џепчиште

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишен жител на селото Џепчиште за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес во домот на осомничениот на 29 март полицијата пронашла вкупно 78,43 грама наркотична дрога кокаин, поделена во повеќе помали пакувања, како и две дигитални ваги. Дрогата ја чувал скриена во гранките на едно од зимзелените дрвја околу куќата, соопшти Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Предлогот е прифатен и со решение на Судот на обвинетиот му е определен притвор во траење од 30 дена, велат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски