„Конрад Аденауер“: Турција може да стане нов енергетски центар

Од:

Аналитичарите од германската фондација „Конрад Аденауер“ предвидуваат дека конфликтот меѓу Украина и Русија ќе ги зближи Турција и Германија и дека Турција ќе стане клучна енергетска земја.

Фондацијата „Конрад-Аденауер“, позната по својата блискост со германската Христијанско-демократска унија, подготви извештај во кој заклучува дека Турција може да игра многу важна улога во снабдувањето со нафта и гас во Европа. Турција, како членка на НАТО, недвосмислено застана на страната на Украина, според аналитичарите на фондацијата. Во исто време, Турција одржува блиски односи со Русија, се вели во извештајот.

Аналитичарите забележуваат дека кризата меѓу Украина и Русија ќе ги зближи Германија и Турција.

„Ова ќе биде особено интересно за Германија во однос на енергетската политика. Желбата на земјата да стане независна од рускиот гас може на долг рок да го поттикне развојот на јужниот гасен коридор и употребата на Турција како дистрибутивен центар за да обезбеди пристап до природен гас во Каспиското Море и Источниот Медитеран“, се вели во извештајот.

Ова ќе отвори сериозни алтернативи, велат експертите во извештајот доставен до „Сабах“.

„Потенцијалот за увоз на гас и нафта од Азербејџан, Туркменистан, Ирак и во иднина од Иран е неискористен. Благодарение на се пореалната енергетска соработка меѓу Израел и Турција, Турција може да се позиционира како центар за испорака на енергија“, посочуваат аналитичарите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ