Вчера попладне, во 16.30 часот на крстосница на улицата „Видое Смилевски Бато“ со улицата „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода 30-годишниот Ш.Ф. од село Чегране, гостиварско и 59-годишниот М.А. од Гостивар, затоа што кај нив бил пронајден хероин, информира МВР.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
