Во Софија средба Петков – Вархеи

Од:

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков денеска се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеи, соопшти владината прес-служба.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, двајцата разговарале за ситуацијата околу војната во Украина и нејзините ефекти врз земјите од регионот.

Петков го информираше еврокомесарот Вархеи и за резултатите од средбата на лидерите на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа, што се одржа во понеделникот во Софија на иницијатива на бугарскиот премиер.

Петков и Вархеи разговараа и за билатералните разговори со Република Северна Македонија.

– Во нив Владата во Софија ќе ги брани позициите на Бугарија и првпат има сериозна поддршка во Европска Унија поради новиот пристап кон Скопје, изјави Петков.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?