Москва за денеска најави прекин на огнот со цел да се евакуираат цивили од Мариупол

Од:

Руското Министерство за одбрана најави локален прекин на огнот од 9 часот по средноевропско време во Мариупол за да се евакуираат цивилите од градот.

Овој чекор треба да овозможи отворање на хуманитарен коридор кон Запорожје, објаснуваат од Министерството.

– За да успее оваа хуманитарна операција, предлагаме таа да се спроведе со директно учество на претставници на Високиот комесаријат за бегалци на ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст, се додава во соопштението на Министерството.

Украинската страна има рок до 6 часот во четврток наутро да прогласи прекин на огнот и писмено да ги извести Русија, ОН и Црвениот крст.

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат дека спречуваат евакуација на жителите на Мариупол, кој е под жестоки напади на руските сили и со недели е опколен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород

ВИДЕО: Над 30.000 Руси јуришаат на Харков, продолжува евакуацијата на населението

Катерина Ѓуровски

Путин го смени Шојгу

Предраг Петровиќ