Русија треба да се суди според „дејствата, а не по најавите“, подвлекува Париз

Од:

Портпаролката на француската дипломатија се приклучи на западниот скептицизам за можниот напредок од страна на руската влада кон прекин на огнот и дипломатско решение на конфликтот во Украина, јави дописникот на МИА.

Франција ќе и суди Русија според „дејствата, а не по најавите“ во Украина, рече портпаролката на француската дипломатија, верувајќи дека Москва, исто така, може да се обиде да „заштеди време“ со „играње на играта на преговори“.

„Мораме да бидеме многу внимателни во оценувањето на напредокот на преговорите“, како и најавите за „радикално намалување“ на руската воена активност во Киев и Чернигов истакна Ан-Клер Лежандр на радиото Франс Инфо.

„Ние мора да судиме според постапките што Русија треба да ги стави на маса“, инсистираше портпаролката…Видовме неколку рунди во минатото кои не дадоа резултати“, потсети таа, осврнувајќи се на руско-украинските разговори кои се во тек од почетокот на руската офанзива во Украина на 24 февруари. „Видовме и на други полиња Русија ја игра играта на преговори за да заштеди време, за да одржува одредена конфузија во главите на јавното мислење“, подвлече таа, алудирајќи на Сирија.

„Русија не го употреби зборот повлекување… Гледаме дека војната продолжува да се води на целата украинска територија“, подвлече портпаролот на француското Министерство за надворешни работи.

„Она што го гледаме денес е дека руската офанзива всушност наиде на голем број пречки, на внатрешни логистички пречки, но и на украински отпор што не го очекуваше (..)“, истакна Ан-Клер Лежандр.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство