ОН: Во Украина досега загинале 1.189 цивили од кои 98 се деца

Од:

Високата комесарка за човекови права на ОН, Мишел Бачелет, денеска изјави дека од почетокот на руската инвазија врз Украина се потврдени 1.189 цивилни жртви, меѓу кои 98 деца.

Според неа, реалниот број на цивилни жртви веројатно ќе биде далеку поголем, затоа што е тешко да се одреди бројката во областите кои се најмногу погодени од борбите, како што е случајот со Мариупол, пренесува Би-Би-Си.

– Цивилите трпат немерливи страдања, а хуманитарната криза е загрижувачка, предупреди таа и додаде дека има значително зголемување на стапката на смртност меѓу цивилите во опколените градови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина