Една тинејџерка почина од последиците од повредата по несреќата, кога автобус падна во провалија, на југот на Италија, па бројот на жртви се зголеми на 39.
Шеснаесетгодишното девојче беше во тешка состојба, на реанимација, во болница во Неапол, во близина на местото каде што се случи несреќата.
Од приемот во болницата, лекарите сметаа дека нејзината здравствена состојба е критична.
Во недела, автобус со 50-тина патници удри во неколку автомобили и падна во провалија.
Елена Георгиевска