Владата во допис признава дека во буџетот нема пари за нормални функционирање и исполнување на законските обврски. Владата признава дека нема пари во буџетот и бара последиците од тоа да ги трпат и културните работници и програмските активности како и капиталните проекти рече на прес конференција членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Љутков.
– Mинистерството за култура на чело со министерката повторно во поход за омаловажување на културните работници преку предлог за неисполнување на колективниот договор за културата, сега, во паника преку допис бара измена на колективниот договор во културата. Деновиве до СОНК и Синдикатот за култура на Република Македонија, пристигна допис – предлог за изменување и дополнување на Колективниот договор во културата. Во дописот се наведува дека ваквото зголемување ќе предизвика дополнителни финансиски импликации, а со оглед на тоа што се уште е во примена Членот 65 од Колективниот договор за културата, а министерството за финансии не обезбедува дополнителни средства за исплата на платите на вработените во установите од областа на културата, министерството бара измени во Колективниот договор за културата во Членот 65 со што по новата пресметка би била на штета на вработените. Ваквиот аматеризам стана причина за повторeн обид за избегнување на скалестото покачување на платите, (иако со закон тоа е уредено) а непланското работење со финансиите се правда неможноста да се обезбедат дополнителни средства од страна на министерството за финансии, рече Љутков.