Борел го осуди гранатирањето на советодавната мисија на ЕУ во Мариупол

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, вечерва изјави дека Советодавната мисија на ЕУ во Украина (ЕУАМ) добила веродостојни информации дека просториите на нејзината теренска канцеларија во Мариупол неодамна биле погодени од руски гранати.

– Канцеларијата и опремата на ЕУАМ претрпеа големи штети. Ниту еден член на мисијата или изведувач на работи не е повреден. Остро ги осудуваме овие напади, како и секој напад врз цивили и цивилна инфраструктура, се вели во писмената изјава на шефот на дипломатијата на ЕУ.

– Бараме Русија веднаш да ја прекине воената офанзива и безусловно да ги повлече сите сили и воена опрема од целата територија на Украина, како што се бара со резолуциите на Генералното собрание на ОН и наложено од Меѓународниот суд на правдата, повтори Борел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина