Велика Британија го зајакнува военото присуство на Арктикот

Од:

Велика Британија има намера да го зајакне своето воено присуство на Арктикот, изјави денеска во Норвешка британскиот министер за одбрана Бен Волас.

Велика Британија воено ќе работи на „подлабока интеграција и интероперабилност со земји како Норвешка“ за да го заштити Северното Море, рече Валас на прес-конференција во Бардуфос на северот на нордиската земја.

Британскиот министер најави формирање на постојана активна борбена група на север, која ќе се движи меѓу Норвешка, Шведска и Финска.

Волас зборуваше по посетата на вежбата на НАТО во Норвешка во која учествуваа 30.000 војници. Оваа вежба, која се одржува на секои две години, доби на значење по рускиот напад на Украина. Норвешка, членка на НАТО, се граничи со Русија на самиот север од земјата, на Арктикот. Иако тензиите се ниски во регионот, норвешките лидери стравуваат дека директен конфликт меѓу НАТО и Русија може да се прелее на Арктикот, каде што двете страни го зајакнаа своето воено присуство во последните години.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски