Американската амбасада во Тирана под максимално засилено обезбедување

Од:

По најавите за можни терористички напади врз американски цели, албанските власти го засилија обезбедувањето на Амбасадата на САД во Тирана, јави дописникот на МИА.

Од пред три дена објектот на Амбасадата целосно е блиндиран од припадници на албанската специјална полициска единица „Ренеа“, а во нејзина близина се се стационирани и припадници на единицата за брза интервенција, кои будно го следат секое сомнително движење во тој дел на градот, објави онлајн изднанието на весникот „Шекули“.

Ваквите мерки се преземени, на барање на Амбасадата, во рамките на посебно подготвениот план за засилено обезбедување на американските резиденции.

Засилени мерки за обезбедување на американската Амбасада во Албанија беа преземени и по експлозијата пред Амбасадата на САД во Анкара, што се случи на 1 февруари годинава.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија