Дизајнери од цел свет ќе креираат етикета за „шардоне“ на Тиквеш

Од:

До 15. септември дизајнери од целиот свет може да конкурираат на меѓународниот повик за креирање етикета за виното „шардоне“ на „Тиквеш“.

Огласот го отвори Skopje Design week (SDW) на својата интернет страница во четвртокот и на него се очекува решенија да достават сите заинтересирани, домашни и креативци од странство. Десетте најдобри ќе бидат изложени на претстојната Skopje Design week, што ќе се одржи од 1 до 6 октомври во Куршумли Ан, а првонаграденото ќе добие 30.000 денари. – Ова е уникатна шанса за странските, но и за домашните дизајнери, особено помладите кои не добиваат можност да бидат афирмирани преку свој дизајн и истовремено да бидат парично наградени, рече денеска директорот на Skopje Design week Александар Велиновски.

Според него, соработката со „Тиквеш“ покажува дека во Македонија има бизнис ентитети кои наоѓаат слух за професионален и одржлив пристап кон својот производ.

– Се менува менталитетот, компаниите стануваат свесни дека се што е оригинално „спакувано“ има поголема вредност, дизајн на автомобил, мебел, облека,…како и за неопходноста од сериозен, професионален пристап во оваа насока. Такви примери има повеќе, во различни сектори, рече Велиновски.

Најважниот сегмент на Skopje Design week, додаде, е токму препознавањето на потребата за дизајн од страна на бизнис заедницата.

– Како општествено одговорна компанија „Тиквеш“ недвосмислено ги поддржува иницијативите за поголема промоција и развој на дизајнот, како и на креативноста во земјава. Сакајќи да дадеме придонес и вистинска поддршка и да ги поттикнеме сите што се занимаваат со дизајн, одлучивме на едно од нашите најпродавани вина да му дадеме нов визуелен израз кој ќе носи авторски потпис, велат од „Тиквеш“.

Оценувањето на пристигнатите предлози ќе го изврши интернационално жири, а победничкото решение ќе биде дел од регионалната изложба на „Тиквеш“ во 2014 година.

Шишето „шардоне“ со новата етикета ќе може да се најде во продажба идната година.

Skopje Design week се одржува трета година со идеја на едно место да собере креативци кои се занимаваат со нови, иновативни дисциплини и алтернативни правци во дизајнот.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8