Анкета: Повеќе од половина од Американците се загрижени од руската закана со нуклеарно оружје

Од:

Речиси половина од Американците се загрижени од тоа Русија да не го насочи директно своето нуклеарно оружје кон САД, уште тројца од десетмина донекаде се загрижени за тоа, се дознава од анкета на АП.

Девет од десет Американци до некаде се загрижени од тоа дека Путин може да употреби атомско оружје против Украина, додека шест од десет се сериозно загрижени.

Во говорот на денот на инвазијата на Украина, рускиот претседател Владимир Пути упати закана потсетувајќи ги сите дека неговата земја е „една од најсилните нуклеарни држави“. Потоа тој соопшти дека руските нуклеарни сили ги ставил во зголемена боева готовност.

-Излезен е од контрола, и мислам дека за ништо друго не е загрижен осван за тоа што го сака. Притоа тој поседува нуклеарно оружје, изјави учесникот во анкетата Робин Томпсон, од Амхерст, Масачусетс.

-Речиси секоја минута гледаме што се случува со тие несреќни луѓе, рече за украинските бегалци Линда Вудворд, техничар во телефонска компанија од Хот Спрингс, Арканзас.

-Ако крајната цел на Русија е да си ги врати териториите од Советскиот Сојуз, тоа значи дека тие планираат да ги нападнат и земјите на НАТО, а тоа ќе предизвика моментално влошување на состојбата, смета Калеб Пак, 21 годишен ИТ специјалист.

Анкетата е направена пред уште еден тест на меѓуконтинентална балистичка ракета од страна на Северна Кореја. Но таа укажува дека 51 отсто од Американците се загрижени од заканата што доаѓа од НДРК за САД.

Викендов, аналитичари и експрети од САД укажаа дека американската ракетна одбрана има повеќе недостатоци за ефикасно справување со таков тип на балистички проектили.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп: Денес е ден на ослободувањето во Америка

Горан Наумовски

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности