Околу 160.000 лица останаа во опколениот Мариупол без греење, информираше градоначалникот Вадим Бојченко.
Тој сега повика на целосна евакуација.
Некои жители се евакуирани преку хуманитарни коридори, но, многумина се заглавени во градот.
Жителите на Мариупол имаат недостиг и од храна, вода и од лекови.
Според Меѓународниот комитет на Црвениот крст, се уште не може да се однесе помош во градот.
Мариупол, што е клучна мета за руските сили поради својата локација, е под опсада речиси од почетокот на инвазијата.
Украина тврди дека сите згради во градот се уништени од руското гранатирање, вклучувајќи и породилиште и театар каде што се засолнувале стотици цивили.