Заталкани куршуми оштетиле две возила во Гостивар

Од:

Во два одвоени инциденти, регистрирани синоќа во центарот на Гостивар, две возила биле оштетени од заталкани куршуми, испукани, најверојатно на семејна веселба.

Според МВР, во првиот кој се случил синоќа, било оштетено задното стакло на „Ауди А4“ кое било паркирано на улицата „Младен Симоновски“.

Од испукан проектил од огнено оружје, оштетен е и „Фолксваген-пасат“, кој сопственикот го паркирал на улицата „Мајор Чеде Филипоски“. Заталканиот куршум го пробил задното стакло.

По пријавите извршени се увиди, а полицијата презема мерки за откривање на сторителот.

Изминативе денови, од неовластено пукање на семејни веселби, во Гостиварско регистрирани се десетина оштетувања и едно повредување на малолетно лице.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип