Грчките здравствени власти потврдија десет случаи на западнонилска треска, предупредувајќи дека бројот на заразени е нагло зголемен, пишуваат грчките медиуми.
Пет од регистрираните случаи се во тешка состојба, со оштетувања на централниот нервен систем.
Според научниците се очекува во следните денови бројот на заразени да се зголеми, бидејќи болеста се наоѓа во фаза кога го достигнува својот врв.
Постои опасност вирусот, кој се шири по каснување од комарци, да се прошири и ги зафати јужните делови на земјата, особено полуостровот Пелопонез и островот Крит.
Досега осум области во Грција се погодени од вирусот на западнонилска треска.