Во сообраќајка кај клучката „Хиподром“ загина 56-годишен маж

Од:

Вчера вечер во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во близина на клучка „Хиподром“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, со винички регистарски ознаки, управувано од 41-годишната А.С. од Виница и патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот З.Д. од село Јурумлери, скопско, информира МВР.

– На местото на несреќата починал З.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека А.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје, соопшти МВР.

Увид извршила екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва