Осум приведени на подрачјето на СВР Тетово, кај нив пронајдена дрога

Од:

Вчеравечер полициски службеници на СВР Тетово привеле осум лица кај кои при преглед е пронајдена дрога. Имено, во близина на клучката за тетовски Групчин, од слобода биле лишени 25-годишниот И.С. и 40-годишниот Д.Б. од Тетово, затоа што при нивен и преглед на патничко возило „форд фиеста”, со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, им била пронајдена марихуана, информира МВР.

– Околу 20.30 часот, пак, на ул.„Илинденска” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Ч.(25), И.А.(32) и Р.Т.(22), тројцата од Тетово, кај кои биле пронајдени марихуана и нож, а на локалниот пат за гостиварското село Дебреше, во 00.30 часот на 27.03.2022, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода М.А.(19), Ј.Е.(19) и А.И.(20), сите од Дебреше, кои се превезувале со патничко возило „опел астра”, со гостиварски ознаки, бидејќи кај нив била пронајдена марихуана, соопшти МВР.

Сите биле приведени и задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат поднесоци по член 215 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Во Србија фатен бугарски државјанин со над три килограми дрога

А1он

Медведев: Приказната за дрогата е изговор, вистинската цел е венецуелската нафта

Податоците од САД ги побиваат тврдењата на Трамп: Кокаинот во САД не доаѓа од Венецуела

Мадуро: Време е за разговори со САД за борба против дрогата

Хрватската полиција заплени 13 килограми кокаин на граница со Црна Гора

А1он

Акција на МВР во Скопје: Уапсени се 12 лица за злосторничко здружување, незаконско поседување на дрога и оружје