Градски власти: Децата во Мариупол гладуваат

Од:

Заменикот-градоначалник на опколениот украински град Мариупол, Сергеј Орлов, изјави дека луѓето почнуваат да умираат од глад и дехидрација, бидејќи резервите на храна и вода се при крај, а хуманитарната помош не е овозможена.

– Некои умираат од дехидрација и недостиг на храна. Некои умираат од недостиг на лекови, инсулин… Затоа што луѓето не можат да најдат медицинска помош, изјави Орлов за Би-Би-Си.

– Некои мајки немаат млеко и храна за своите деца. Што да прават со своите бебиња? Не знам. Во градот воопшто нема храна за децата, вели тој.

Мариупол е под постојан руски напад уште од првите денови на војната, а фотографиите го покажуваат градот во урнатини, со цели населби уништени. Орлов вели дека 70 отсто од болниците во градот се „уништени во бомбардирањето“.

Жителите поголемиот дел од времето го поминуваат во засолништа или подруми без струја, вода или гас.

– Луѓето само бараат секоја можност да преживеат. Тие делат храна, вода, собираат дрва за огрев од улиците, рече Орлов.

Повеќе од 100.000 луѓе останаа блокирани во Мариупол, но вчера хуманитарните коридори беа успеашни, па околу 4.000 успеале да побегнат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски