Израел денеска и утре е домаќин на „историски“ дводневна средба на шефовите на дипломатии на САД, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Мароко.
Претходно беше соопштено дека од 26 до 30 март американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе престојува во Израел, Западниот Брег, Мароко и Алжир за да разговара за војната во Украина, израелско-палестинските односи и Иран.
При првиот дел од патувањето, Блинкен ќе има одвоени разговори со израелскиот премиер Нафтали Бенет и со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Рамала, а во Мароко ќе се сретне со престолонаследникот на Абу Даби, Мохамед бин Зајед, де факто владетел на ОАЕ.
Дискусиите ќе ја опфатат „војната на руската влада во Украина, дестабилизирачките акции на Иран, Аврамскиот договор и договори за нормализирање на односите со Израел, израелско-палестинските односи и одржувањето на можноста за решавање на израелско-палестинскиот конфликт по моделот на две држави“, соопшти претходно портпаролот. Стејт департментот Нед Прајс.
Извор: МИА