Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко го откажа продолжениот полициски час планиран за главниот град.
– Полицискиот час ќе остане вообичаен – од 20 до 7 часот. В недела попладне ќе биде можно движење низ главниот град и регионот, рече Кличко.
Претходно тој најави дека ќе има продолжен полициски час. „Воената команда одлучи да го продолжи полицискиот час. Тој ќе трае од вечерва во 20 часот до понеделник до 7 часот наутро“, напиша претходно Кличко на социјалната мрежа Телеграм.
Извор: МИА