Во Киев од вечерва до понеделник наутро повторно ќе биде воведен полициски час, изјави градоначалникот на украинскиот главен град, Виталиј Кличко.
„Воената команда одлучи да го продолжи полицискиот час. Тој ќе трае од вечерва во 20 часот до понеделник до 7 часот наутро“, напиша Кличко на социјалната мрежа Телеграм.