131 санкциониран возач во Скопје, 20 за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, 17 санкции за возење без возачка дозвола, четири за санкции за некористење на сигурносен појас, соопштува МВР.

– Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, три мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 11 санкции за нерегистрирани возила, седум санкции за управување под дејство на алкохол… Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава