Саудиска Арабија побара вонредна седница на СБ на ОН поради нападите на Хутите

Од:

Саудиска Арабија побара вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за да се осудат нападите на јеменското вооружено движење Ансар Алах, познато како Хути, пренесува Тасс, повикувајќи се на извештај на телевизијата Ал Арабија.

„Во својата порака до Советот, мисијата на Саудиска Арабија во ОН укажува на фактот дека нападите врз Кралството ги вршат Хутите, со поддршка на Иран“, се наведува во соопштението на саудиската мисија во Њујорк.

„Го задржуваме правото да ги преземеме сите мерки за одбрана на нашата територија и го повикуваме Советот за безбедност на ОН да свика состанок за да ги осудиме нападите“, се додава во документот.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија денеска почна со воздушни напади врз јеменската престолнина Сана и пристанишниот град Ал-Худаид, со намера да ги запре нападите врз нејзините нафтени постројки што ги започнаа бунтовниците Хути, јавија британските медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Русија им дала на Хутите клучни информации за ракетните напади врз бродови во Црвеното Море објави „The Wall Street Journal“

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Американците нападнаа

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа