Претседателот на Украина Володимир Зеленски во денешниот телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, се заблагодари за поддршката од Анкара.
– Разговарав со Ердоган за резултатите од Самитот на НАТО одржан вчера во Брисел. Разменивме мислења за тековните дипломатски напори. Разговаравме за заканата од недостиг на храна и начините да се спречи тоа, напиша Зеленски на Твитер.
Ердоган во разговорот со Зеленски истакнал дека Турција на Самитот на НАТО ја повторила својата поддршка за територијалниот интегритет на Украина.
Извор: МИА