Општина Босилово и околните села денеска во периодот од 08 до 18 часот ќе останат без вода за пиење, сите оние кои со вода се снабдуваат од Регионалниот водовод „Иловица”.
Како што информираат од ЈПКД „Огражден”-Босилово, денешниот прекин во водоснабдувањето е заради поставување на озонатор, со кој ќе се подобри квалитетот на водата која се испорачува од станицата за преработка на вода од браната „Иловица”.