Саливан: САД „немаат намера да користат хемиско оружје под никакви околности“

Од:

САД „немаат намера да користат хемиско оружје под никакви околности“, односно дури и ако Русија го употреби во Украина, изјави денеска советникот за национална безбедност Џејк Саливан, во авионот „Ер форс 1“, со кој американскиот претседател Џо Бајден патуваше во Полска.

Во разговор со новинарите на авионот, Саливан, сепак предупреди дека Москва „ќе плати висока цена“ во случај да употреби хемиско оружје.

Со тоа, ги појасни зборовите на американскиот претседател, кој вчера рече дека доколку Русија употреби хемиско оружје во инвазијата на Украина, САД ќе одговорат. „Ние би одговориле, би одговориле ако тој го користи. Природата на одговорот ќе зависи од природата на употребата“, рече Бајден на прес-конференција во Брисел, мислејќи на рускиот претседател Владимир Путин.

САД и НАТО, рече тој, исто така утврдуваат планови за вонредни ситуации за секој можен руски напад на територијата на НАТО.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“