Амбасадите на САД затворени по престретнат разговор на лидери на Ал каеда

Од:

САД донеле одлука за времено затворање на амбасадите на Блискиот Исток и на северот на Африка, откако пресретнале порака на лидерот на Ал каеда Ајман ал Завахири, во која тој наредил на припадниците на оваа терористичка мрежа да извршат напад во Јемен, објави „Њујорк тајмс“.

Според весникот, кој се повикува на американски претставници, пресретната е комуникација меѓу Завахири, кој го наследи Бин Ладен на чело на Ал каеда и лидерот на јеменскиот огранок на организацијата Насер ал Вухаиши.

Весникот додава дека на барање на безбедносните власти на САД, првично не е објавен идентитетот на лидерот на Ал каеда чии разговори се откриени.

Американскиот Стејт департмент одлучи вчера да го продолжи траењето на мерката за затворање на своите дипломатски претставништва на Блискиот Исток до 10 август, поради информации дека би можел да уследи терористички напад на Ал каеда.

Поради опасност од напади, амбасадите во Јемен ги затворија и Франција, Германија и Велика Британија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа

(ВИДЕО) Доаѓа „Дијабло“, издадени се црвени предупредувања

Горан Наумовски