Самарас во тридневна посета на САД

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас доцна синоќа замина во тридневна посета на САД, во чии рамки во четврток ќе се сретне и со американскиот претседател Барак Обама.

Самарас прво во Њујорк ќе се сретне со американски бизнисмени со грчко потекло, а по средбата со Обама во Вашингтон, повторно ќе се врати во Њујорк каде ќе има одвоени средби со градоначалникот Мајкл Блумберг, генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и претседателот на Американскиот еврејски комитет Дејвид Харис.

Грчки дипломатски извори претходно открија дека на седбата Самарас-Обама, меѓу другото, ќе се разговара и за текот на преговорите за решавање на прашањето за името кои се водат со посредство на Метју Нимиц.

Весникот „То Вима“, повикувајќи се на релевантни извори, пишуваше дека состанокот „ќе се одржи неколку недели пред отворањето на сериозните национални прашања во врска со Кипар и името на Скопје“.

Провладиниот „Катимерини“ во текстот за средбата на грчкиот премиер со американскиот претседател потсети дека „Вашингтон е подготвен да се активира за решавање на кипарскиот проблем и прашањето за името“ на Македонија, Весникот „Парон“, пак, напиша дека Обама ќе изврши голем притисок врз Самарас.

„Пораките кои пристигнуваат од преку Атлантикот се јасни и не многу оптимистични. Вашингтон сака ова прашање да се реши што е можно побргу, доколку е можно и до крајот на 2013 година и на состанокот на 8 август Обама ќе бара да се прецизира“, напиша грчкиот весник.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит