По победата на Македонија во дуелот со Италија, се слави низ скопските улици. Се пејат македонски патриотски песни, се вејат македонски знамиња. Прославата дојде спонтано, по повици од социјалните мрежи.
Македонија е во финале на баражот за Светското првенство. Нашите херои го елиминираа европскиот првак Италија совладувајќи го со 0-1 во Палермо. Стрелец е Александар Трајковски, кој „дома“, во неговиот Палермо, им зема здравје на Италијанците. Одиме на Португалија во Порто.